Доларот благо зајакна, цената на нафтата порасна

32

Hа валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо порасна, по вчерашниот пад.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава достигна 106,20 поени, додека вчера во ова време беше 106,12 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута ослабна за 0,10 отсто, на 154,50 јени.

Сепак, американската валута благо зајакна во однос на европската, за 0,15 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0585 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 0,11 отсто, на 73,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,09 отсто, на 69,20 долари.