Доларот благо зајакна, цената на нафтата порасна

10

На валутните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо порасна.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,90 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,79 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 147,60 на 147,40 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0925 долари, додека вчера во ова време беше 1,0935 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,72 отсто, на 82,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,76 отсто, на 78,15 долари.