Доларот благо зајакна

25

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо порасна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 102,58 поени, додека вчера во ова време беше 102,50 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 133,05 на 134,20 јени, ново највисоко ниво во последните 2 децении.

Слабоста на јенот се должи на очекувањата дека јапонската централна банка ќе продолжи да води стимулативна монетарна политика поради слабостите во економијата. Сите други големи централни банки во светот, освен Кина, или ја заоструваат монетарната политика или ја најавуваат.