Доларот нагло падна, цената на нафтата порасна

55

Цените на акциите нагло пораснаа на азиските пазари во петокот, како и на Волстрит претходниот ден, бидејќи инвеститорите се надеваат дека слабеењето на американската инфлација ќе ја поттикне американската централна банка да го забави темпото на зголемување на каматните стапки.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 3,7 отсто околу 7:00 часот. Истовремено, јапонскиот индекс Никеи порасна за речиси 3 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Јужна Кореја и Хонг Конг пораснаа меѓу 2 и 6,9 отсто. Азиските инвеститори беа охрабрени од вчерашниот силен скок на Волстрит. Dow Jones порасна за 3,70 отсто, додека S&P 500 скокна за 5,5 отсто, а Nasdaq индексот порасна за 7,35 отсто.

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна за повеќе од 2 отсто по извештајот за инфлацијата, што е негов најголем дневен пад од 2009 година. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,05 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 110,30 поени.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна се тргува за 95,62 долари, додека на американскиот пазар барелот се тргува за 88,35 долари.