Доларот нагло падна, цените на нафтата пораснаа

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути нагло падна, бидејќи проценките за намалувањето на каматните стапки од страна на Фед се зајакнаа.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 99,67 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 100,23 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 156,70 на 155,75 јени.

Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1585 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1515 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, компензираа дел од вчерашните загуби. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово порасна за 0,35 проценти, на 62,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,30 проценти, на 58,15 долари.