Доларот ослабе

84

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,29 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,35 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,65 на 157,85 јени.

Американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0740 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0730 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат, по вчерашниот значителен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,05 отсто, на 85,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 81,55 долари.