Доларот ослабе, цената на нафтата падна

116

На пазарите за валути, вредноста на доларот во однос на кошницата валути се лизна од највисоките нивоа во последните седум недели.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 102,40 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,50 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 148,45 на 147,80 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0980 долари, додека вчера во ова време беше 1,0970 долари.

Цените на нафтата, пак, нагло паднаа, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 1,47 отсто, на 79,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,54 отсто, на 75,95 долари.