
Hа валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна, откако минатата недела порасна за 0,9 отсто.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,87 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 106,94 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 153,65 на 153,85 јени.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0515 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0505 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа по минатонеделниот значителен пораст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,47 отсто, на 74,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,65 отсто, на 70,85 долари.