На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 106,40 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,50 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 150,05 јени, колку што беше и вчера во овој момент.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0505 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0495 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,22 отсто, на 73,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,20 отсто, на 70,10 долари.