Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничка валути падна утрово, по тридневен раст.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 97,40 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 97,65 поени.

Во исто време, цената на европската валута порасна од вчерашните 1,1715 на 1,1735 долари.

Американската валута исто така ослабе во споредба со јапонската, па курсот на доларот се лизна на 146,30 јени, додека вчера во ова време изнесуваше 147,05 јени.

Цените на нафтата, од друга страна, малку пораснаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот порасна утрово за 0,20 проценти, на 70,35 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,13 проценти, на 68,45 долари.