Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

13

На валутните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,25 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,55 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 155,55 на 155,70 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0775 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0745 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,57 отсто, на 84,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,67 отсто, на 79,80 долари.