Доларот ослабе, цената на нафтата стагнира

На валутните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,36 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,69 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,20 на 149,90 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0760 долари, додека вчера во ова време беше 1,0725 долари.

Цените на нафтата, пак, забележаа скромни промени, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,11 отсто, на 82,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,09 отсто, на 78,10 долари.