Цените на акциите пораснаа на повеќето азиски берзи во понеделникот, додека кинеските пазари остануваат под притисок поради стравувањата дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ги зголеми царините за увоз на кинески производи.
Hа валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути, откако минатата недела достигна највисоко ниво во последните две години.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,95 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 107,49 поени.
Доларот ослабе во однос на еврото
Aмериканската валута ослабе во однос на европската за 0,5 отсто, па цената на еврото достигна 1,0480 долари, со што се оддалечи од најниските нивоа во последните две години.
Цените на нафтата, пак, паднаа, откако минатата недела скокнаа за околу 6 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,68 отсто, на 74,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,69 отсто, на 70,75 долари.