Доларот остро падна

27

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути нагло падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава ослабна за 0,4 отсто, на 105,48 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од 158,33 јени, што беше во петокот вечерта, на 155,50 јени.

Рано утринава курсот на доларот првпат од 1990 година се проби над 160 јени, но потоа нагло падна.

Агенциите пишуваат дека сè уште не е јасно што предизвикало таков пад на курсот на доларот, но јапонските власти со недели предупредуваат дека би можеле да интервенираат на пазарот за да го запрат слабеењето на јенот.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0730 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0690 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа по минатонеделниот пораст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,89 отсто, на 88,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,82 отсто, на 83,15 долари.