
На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна на најниско ниво од почетокот на септември.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,65 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 103,80 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна за 0,4 отсто, на 149,10 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,2 отсто, на 1,0925 долари, највисоко ниво за повеќе од два месеци.
Цените на нафтата, пак, пораснаа по минатонеделниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава зајакна за 0,83 отсто, на 81,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,74 отсто, на 76,45 долари.