Доларот порасна за 6,5 отсто во однос на кошничката валути во 2024 година

На валутните пазари утрово благо падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,95 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 107,99 поени.

Цела оваа година овој индекс е зголемен за 6,5 отсто.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна за повеќе од 10 отсто, па утринава се движи околу 156,50 јени.

Годинава и американската валута зајакна во однос на европската за речиси 6 отсто, па цената на еврото на последниот ден од годинава се движи околу 1,0415 долари.