Доларот продолжи да паѓа, еврото на месечен максимум

54

Според последните достапни податоци од валутните берзи, доларот денеска ослабе во однос на кошничката валути за четвртина процент на 101,44 поени.

Американскиот долар продолжи да тоне и денеска бидејќи се зајакна апетитот на инвеститорите да инвестираат во ризични средства, поддржани од охрабрувачките економски податоци и обложувањето на играчите на пазарот дека Федералните резерви ќе го забават затегнувањето на монетарната политика.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на нејзините шест главни ривали, е на пат да достигне месечен пад од 1,5 отсто во мај, прв во последните пет месеци, но останува во плус за околу 6,0 отсто, пренесува Ројтерс.