Доларот продолжува да јакне, цената на нафтата порасна

52

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво од ноември минатата година.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,20 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,10 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,75 на 149,05 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0570 долари, блиску до најниското ниво во последните шест месеци, додека вчера во ова време беше 1,0575 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 1,02 отсто, на 94,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,04 отсто, на 91,35 долари.