На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,05 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,95 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за околу 0,5 отсто, на 153,45 јени.
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0715 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0718 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа, откако минатата недела пораснаа за околу 1 процент. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,38 отсто, на 73,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,48 отсто, на 70,05 долари.