
Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку се зголеми, откако минатата недела падна за 0,4 проценти.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,37 поени, додека во петокот навечер беше 99,27 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од 154,55 на 154,60 јени.
Американската валута, исто така, зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1605 долари, додека во петокот навечер беше 1,1620 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, утрово ги загубија речиси сите добивки од минатата недела. На лондонскиот пазар цената на барелот се лизна за 0,98 проценти, на 63,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,08 проценти, на 59,45 долари.











