Доларот стабилен, цената на нафтата порасна

13

На девизните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути е стабилна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 104,40 поени, како и вчера во овој момент.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 151,97 јени, највисокото ниво во последните 34 години, на 151,30 јени.

Зајакнувањето на јенот уследи по предупредувањето на јапонските монетарни власти дека можат да интервенираат поради прекумерните флуктуации на курсот.

Американската валута е стабилна во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0825 долари, исто како вчера во овој момент.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,46 отсто, на 86,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,64 отсто, на 81,85 долари.