Доларот стагнира, цената на нафтата благо порасна

21

Доларот стагнира, цената на нафтата благо порасна

На валутните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошницата валути стагнира.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,13 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 105,12 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,60 на 154,20 јени.

Минатата недела во еден момент курсот на доларот надмина 160 јени за прв пат по 34 години, па јапонските власти интервенираа на пазарот за да го спречат слабеењето на јенот. Иако се уште постои ризик од интервенција, доларот во последните денови повторно зајакна во однос на јенот.

Сепак, курсот на американската валута стагнира во однос на европската. Така, цената на еврото се движи околу 1,0765 долари, исто како и вчера во ова време.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,19 отсто, на 83,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,18 отсто, на 78,60 долари.