На девизните пазари и минатата недела доларот зајакна во однос на кошничката валути, трет пат по ред, додека еврото ослабна откако Европската централна банка по трет пат годинава ги намали каматните стапки.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела порасна за 0,5 отсто на 103,46 поени, блиску до највисокото ниво во последните два и пол месеци.
Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот се лизна за 0,65 отсто, на 1,0866 долари.
Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 0,25 отсто, па нејзиниот курс достигна 149,50 јени.
Зајакнувањето на доларот трета недела по ред се должи на оценката дека американската централна банка ќе го продолжи циклусот на намалување на каматите со побавно темпо од неодамна очекуваното.
Минатата недела доларот беше поддржан од нови макроекономски податоци, кои ги отстранија стравувањата од рецесија во САД.
Трошоците на мало се зголемија за 0,4 отсто во септември, нешто повеќе од очекуваното, додека бројот на барања за невработени неочекувано падна. Овие податоци покажуваат дека најголемата светска економија постојано расте и дека пазарот на трудот не слабее.