Доларот зајакна, цената на нафтата благо падна

49

На девизните пазарисе зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 101,69 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 101,25 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 142,80 на 143,30 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1030 долари, додека вчера во ова време беше 1,1080 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,08 отсто, на 71,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,15 отсто, на 68,60 долари.