Доларот зајакна, цената на нафтата благо падна

22

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, по неколкудневниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,58 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,37 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,05 на 148,30 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0915 долари, додека вчера во ова време беше 1,0955 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 0,04 отсто, на 82,40 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,03 отсто, на 77,75 долари.