Доларот зајакна, цената на нафтата падна

25

На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 103,38 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,02 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 144,55 на 144,30 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0885 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,37 отсто, на 76,35 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,17 отсто, на 71,65 долари.