Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

7

На девизните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните пет месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,25 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна од вчерашните 152,90 на 153,20 јени.

Додека доларот се движи околу највисоките нивоа во последните 34 години, јапонските власти предупредуваат дека може да интервенираат на пазарот за да спречат понатамошно слабеење на јенот.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0715 долари, додека вчера во ова време беше 1,0745 долари.

Вчера Европската централна банка ги задржа каматните стапки непроменети, но јасно сигнализираше дека наскоро може да започне со намалување на каматните стапки.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 0,53 отсто, на 90,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,68 отсто, на 85,65 долари.