Доларот зајакна во однос на кошничката валути

На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми минатата недела, откако претседателот на американската централна банка Џером Пауел изјави дека очекува дополнително зголемување на каматните стапки.
Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,6 отсто, на 102,89 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута порасна за 0,5 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0890 долари.

Цената на доларот се зголеми и во однос на јапонската валута, за 1,3 отсто, на 143,70 јени, блиску до највисокото ниво во последните седум месеци.

Откако пред една недела вредноста на доларот во однос на кошницата валути се лизна на најниското ниво во последните еден месец, американската валута донекаде закрепна минатата недела.

Јакнењето на доларот следеше откако претседателот на ФЕД, Џером Пауел, во својот извештај до Конгресот за економската ситуација повтори дека каматните стапки веројатно ќе треба дополнително да се зголемат за да се спречи инфлацијата.