Доларот зајакна во однос на кошницата валути, еврото ослабе

43

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми минатата седмица, откако челниците на американската централна банка изјавија дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, се зголеми за 0,7 отсто минатата седмица на 105,85 поени.

Истовремено, доларот во однос на европската валута зајакна за 0,4 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0685 долари. Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 1,4 отсто, на 151,50 јени, недалеку од највисокото ниво во една година.

Минатата седмица доларот врати дел од загубите од претходната седмица, кога остро падна, бидејќи инвеститорите заклучија дека циклусот на зголемување на каматните стапки на американската централна банка е завршен. Сепак, таа теза ја разниша претседателот на Fed, Џером Пауел, кој минатата седмица изјави дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.