Dolce & Gabbana треба да платат 343 милиони евра казна

47

DGИталијанскиот суд и наложи на модната куќа Dolce & Gabbana да плати казна од 343 милиони евра плус камати, поради затајување на данок.

Модната куќа е под истрага на италијанските власти неколку години. Во 2007 беа поднесени обвиненија против дизајнерите и уште пемина, откако нивните два бренда, Dolce & Gabbana и D&G беа продадени на нивна фирма Gado во Луксембург, со што избегнале да платат данок во Италија во износ од 420 милиони евра.

Модниот гигант планира да поднесе жалба на оваа одлука, поради што плаѓањето на казната ќе биде суспендирано.