Dolfi – ултразвучен “сапун“ за рачно перење на алишта

150

dolfi

Dolfi претставува уред во облик на сапун што ги пере алиштата со користење на ултразвучна технологија.

Особено е корисен за перење на облека што би се уништила доколку се стави во машина за перење, или пак може да биде “прва помош“ за перење валкани алишта при патување.

Сè што треба да се направи е валканото парче облека да се стави во сад со вода, да се стави малку детергент, да се стави Dolfi во водата и да се вклучи во струја. По половина час, облеката се плакне и се суши.

dolfi vo voda

Dolfi е бесшумен и прави заштеда на електрична енергија за 80 пати за разлика од стандардните машини за перење.

Ултразвучната технологија што ја користи Dolfi, во индустријата и медицината успешно се користи долги години. Се користи за темелно чистење на стоматолошки и хируршки инструменти, а со помош на сигналите што ги ослободува ги отстранува и најтврдокорните дамки од скапи и чувствителни материјали, без да ги уништува.

Звучните бранови што ги ослободува Dolfi “патуваат“ низ водата и формираат микроскопски меурчиња под висок притисок. Штом експлодираат тие мали меурчиња, ослободуваат невидлива енергија што ги отстранува нечистотиите од ткаенините.

Зад дизајнот на Dolfi стои Лена Солис од Германија, која на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, успеа да собере 1.034.731 долари.

dolfi 2