Долгиот пат на човекот со хумано срце

132

Кирк Даглас почина на возраст од 103 години. Тој во неговиот долг живот на светот му беше познат како американски актер, продуцент, режисер, автор и филантроп.

Даглас е роден на деветти декември 1916 година, како Исур Даниелович Демски. Потекнува од многудетно семејство на руски мигранти. Своето име Исур го менува во 1941 година и станува Кирк Даглас. Таа година бил дел од американската морнарица, каде што бил офицер за комуникации задолжен за откривање и уништување на непријателски подморници. Во војска поминал три годни, по што се повредил и го прекинал воениот рок. Со посебна стипендија, се запишал на Американската академија за драмски уметности во Њујорк. Таму ја запознал својата прва сопруга, Дијана Дил, со која се оженил во 1943 година. Од тој брак ги добиле синовите Мајкл, кој тргна по неговите стапки, и Џоел кој работи како продуцент. Во 1951 година се разведува, а три години подоцна се оженил за Ен Бајденс, со која има уште два сина, Питер кој е се занимава со продукција и Ерик кој до неговата смрт во 2004-та година се занимавал со глума. Со Ен бил во брак повеќе од шест децении.

Кирк своето деби на филмското платно го има во 1946 година во филмот Strange love of Martha Ivers. Тој играше и во многу каубојски филмови меѓу кои се Along the great divide и Lonely are the brave, а посебно се прослави во филмот Spartacus.

Освен што бил успешен на и зад филмското платно, Даглас бил и филантроп. Тој заедно со неговата сопруга донирале во различни организации. Најголем дел од донациите се поврзани со финансиска помош на училишта, медицински центри и непрофитни организации во Калифорнија. На почетокот на 90-тите години од минатиот вел, Кирк и неговата сопруга донираа 40 милиони долари за медицински центар за третирање на лица заболени од Алцхајмерова болест. Во март 2015-та година, Кирк и неговата сопруга донирале над два милиони за детска болница во Лос Анџелес.

Богатството што Кирк го остави зад себе се проценува на 80 милиони долари.

Фото: Facebook