Долгорочна суспензија од котација на АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш

167

Согласно Одлука на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвата АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш, котирани на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, им е изречена мерка долгорочна суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 01.02.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.

За времетраењето на долгорочната суспензија од котација издавачите АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш не го губат статусот на котирани друштва, но должни се во односите со трети лица и во јавноста да истакнуват дека се долгорочно суспендирани од котација на Берзата. Воедно, за времетраење на мерката долгорочна суспензија, АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш немаат постојани обврски за известување согласно Глава VI од Правилата за котација.

За времетраење на мерката долгорочна суспензија, хартиите од вредност издадени од АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш се тргуваат на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, при што за издавачите важат законските обврски за известување за тој подсегмент.

Со донесената Одлука за долгорочно суспендирање од котација се укинува Одлуката од 09.11.2020 година за внесување на АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш на Листата на набљудување и врз основа на тоа издавачите се бришат од Листата на набљудување.