Домаќинствата во еврозоната сѐ помалку позајмуваат од банките

20

Домаќинствата во еврозоната сè помалку се задолжуваат, се вели во анализа на ЕЦБ

Граѓаните во Европската унија и во март продолжија на големо да ги заобиколуваат банките и нивните понуди за заеми, е заклучокот од извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во март.

Банкарските кредити за домаќинствата во еврозоната пораснаа за само 0,2% на годишно ниво во март, забавувајќи се од 0,3% во февруари, според ЕЦБ.

Како што произлегува од податоците, во март е забележан најбавен раст на кредитите на домаќинствата на годишно ниво од февруари 2015 година.

Вкупната вредност на кредитите на приватните компании (без финансиските) во март се зголеми за 0,4% на годишно ниво.