
Фото: Pixabay
Непријатните мириси можете да ги спречите со чај од жалфија и јаболков оцет.
Од лековитите материи со коишто изобилува, во борбата против потењето голема улога игра нејзиното жолто – зелено масло, смолата и танинот.
Сè што ви треба е една лажичка иситнети листови од жалфија. Листовите прелијте ги со една шолја врела вода, оставете ги неколку минути, процедете ги и испијте ја течноста.
Овој чај делува како природно средство против прекумерно потење, особено ноќе.
За видливи резултати, потребно е чајот да се пие две недели и тоа по еден литар дневно.
Јаболковиот оцет делува како природен дезодоранс затоа што ги уништува бактериите. Доволно е само да намокрите сува крпа во оцетот и еднаш во денот со неа да ги избришете пазувите.