Домашен инвеститор отвори хотел во Дебар

67

Домашниот инвеститор Абдул Војника во Дебар пушти во употреба хотел во кој се вработени 15 млади лица, а според најавите се очекуваат нови вработувања.

Хотелот Леон, кој има над 1.000 метри квадратни, располага со современи апартмани, ресторани и други угостителски содржини и туристички објект во близина на Дебарското езеро.

Градоначалникот на општина Дебар, Ружди Лата, на свеченото отворање истакна дека оваа нова домашна инвестиција има големо значење бидејќи ги поттикнува и другите домашни инвеститори дека треба да инвестираат во сферата на угостителството, бидејќи без современи објекти нема развој на туризмот.

Лата упати апел до печалбарите од дебарско во Европа и САД да инвестираат во родниот крај, бидејќи на тој начин ќе овозможат намалување на невработеноста и развој на општината.