Домашен пилинг за здрава и сјајна кожа

198

smesa-pixabay

Фото: Pixabay

Сезоната на летни одмори започна, а со тоа и потребата за здрав и добар изглед на вашата кожа.

Со малку време и волја можете сами да подготвите домашни пилинзи, кои ќе ја направат вашата кожа сјајна, здрава и мека на допир.

Ванила и лаванда

За овој пилинг потребни се две лажички шеќер, една шолја масло од грозје, една лажичка екстракт од ванила и 12 капки масло од лаванда. Сето тоа добро промешајте го. Ставете го во сад и искористете го во рок од една недела. Нанесувајте три пати неделно.

Шеќерен пилинг

Потребна е една шолја шеќер (бел или кафен) и во него ставете четвртина шолја маслиново или кокосово масло. Добро измешајте и користете само една лажица за цело тело.

Пилинг од кафе

Кафето ја дава потребната влажност на кожата и ќе ја направи мека и мазна, а ќе ги отстрани мртвите ќелии. За овој пилинг ви треба четвртина шолја мелено кафе и шеќер. Промешајте ги додадете две лажици маслиново масло.

Лимон и шеќер

Ова е можеби најдобриот пилинг за отстранување на мртвата кожа. Земете шолја шеќер и во неа ставете една лажичка сок од лимон и шест лажици бадемово масло. Нанесете на кожата, почекајте неколку минути, па потоа отстранете го пилингот.