Домати – која земја најмногу го извезува овој зеленчук?

49

Мексико е најголем извозник на домати во светот, а минатата година инкасираше извоз од 2,2 милијарди долари.

Според анализата на World’s top exports, топ пет извозници на домати се и: Холандија (1,9 милијарди долари), Шпанија (една милијарда долари), Мароко (686 милиони долари) и Канада (411 милиони долари).

Од земјите во регионот, Албанија е 23-та земја во светот со извоз на домати во висина од 37,8 милиони долари. Грција е 32-ра со извоз вреден 15 милиони долари, Бугарија две места подолу со извоз од 13 милиони долари, додека Македонија се позиционираше на 36-то место со извезени домати во вредност од 12,5 милиони долари. Србија е на 48-мо место со извоз од 6,3 милиони долари, додека две места подолу е Хрватска со извоз од 5,8 милиони долари, а Словенија е 51-ва со 5,7 милиони долари.

Фото: Pixabay