Донација на Бора за Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство

157

ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство– Скопје секогаш цели кон напредок на негата вршејќи најсложени видови на здравствена заштита. Нејзината клучна грижа се бебињата и поради тоа што таа совршено се вклопува со мисијата на Бора, таа донираше голем дел од сопствените производи за најмалите.

“Низ годините успеваме да оствариме квалитетна соработка со компаниите како Бора. Благодарение на нив секогаш ни се отвора пат да ја развиеме нашата работа. Со производите на Бора ќе се грижиме за најмалите, но посебно битно е дека ќе се надмине досегашната пракса родителите сами да купуваат пелени за своите новороденчиња, така што ова навистина ќе го рекласира и тој дополнителен трошок“, истакна Драгана Букилица, портпарол на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.

“Иднината ја остваруваме преку тоа што секогаш овозможуваме моќна нега за најмалите затоа што тие се водилката во овој наш свет. Нивното здравје е најважно за да пораснат во луѓе кои ќе го движат општеството напред. Имајќи во предвид дека нашите производи совршено се поклопуваат со потребите на Клиниката за гинекологија и акушерство кај нас не постоеше дилема дека нашата инволвираност ќе е од голема помош. Зборови не можат да опишат колку ни е драго што сме дел од мисија која ги поставува темелите на нашата иднина.“, истакна Дарко Трајковски, претставник од Бора.

Овој вид на соработка помеѓу институциите и приватните компании е важно за зголемување на значењето на општествената одговорност со тоа што дополнително се поттикнуваат сите кои се во можност да направат нешто повеќе зазаедницата. Затоа Бора и ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство ќе продолжат со остварување на ваквиот начин на работење.

Како дел од оваа цел Бора го поддржа и граѓанското здружение за еднородителски семејни заедници Една може! – One can! кое се залага за остварување севкупна општествена грижа и третман на самохраните мајки и остварување на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права.