Донација на Ротаракт клуб Скопје

20

26105269_10155428999683740_1844625438_n

Ротаракт клуб Скопје, традиционално и оваа година, собраните средства од предновогодишната хуманитарна забава ги намени за добротворни цели, стои во соопштението.

Претставници од Ротаракт клуб Скопје донираа три машини за калјаци на Клиниката за пулмологија и алергологија. Преку оваа донација ќе се придонесе за подобрување на хигиената на Клиниката и ќе се оневозможи пренесување на нечистотии и бактерии во просториите каде престојуваат пациентите.

Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија проф. д-р Дејан Докиќ, ја поздрави донацијата и истакна со овие машини се олеснува извршувањето на секојдневните задачи на вработените, а особено донацијата е значајна за пациентите.

Исто така, денеска во духот на празници, Ротаракт клуб Скопје, донираше новогодишни пакетчиња за децата во Клиниката за детска хирургија.