Донација на Жито Лукс за Детскиот оддел во Клиничката болница во Тетово

43

33fe7053-f441-433c-933c-6c7793d8d554

Детскиот оддел во Клиничката болница во Тетово го доби првиот дел од донацијата од Жито Лукс. Новата опрема се состои од душеци за креветчињата и дел од медицинската опрема која што беше неопходна за потребите на одделението. Донацијата е резултат на кампањата што ја иницира компанијата за подобрување на условите на Детскиот оддел, со секој купен производ на Жито Лукс, во Тетово, се донира за реновирање на одделот во оваа клиничка болница.

„Пред еден месец започнавме со спроведување на кампањата со цел да помогнеме да се подобрат условите за престој и за работата на ова одделение. Особено нè радува одзивот на граѓаните и дадената поддршка за акцијата. Тука нашите активности нема да застанат, ова е само првиот дел од донацијата и ќе продолжиме и понатаму со цел да создадеме место каде што децата ќе бидат беспрекорно згрижени“, истакна Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на Жито Лукс.

Хуманитарната акцијата на најголемиот македонски производител на леб и брашно, ќе продолжи во следните неколку месеци. Со спроведување на вакви хуманитарни акции, Жито Лукс се залага за подобрување на условите во различни општествени сегменти каде корпоративната општествена одговорност е потребна и клучна за менување на состојбите.