Донација од градинката Снежана за кампањата Шанса за живот

18

Пити, колачи, компоти беа на трпезата на хуманитарниот базар Есента дарува – хуманоста царува, приготвени од родители и деца од градинката Снежана во скопската населба Чаир. Средствата кои беа собрани од базарот, беа донирани за кампањата на компанијата Окта, Шанса за живот, што е наменета за поправка на старата и набавка на нова опрема на Интензивното одделение на Клиниката за детски болести.

Македонските граѓани можат да се вклучат во кампањата Шанса за живот и да донираат средства со повик преку телефонските броеви 070, 075 или 077 14 33 33. Повикот чини 100 денари плус ДДВ.