Донација од ОКТА за ново училиште во Илинден

35

4Компанијата ОКТА донираше 18 нови персонални компјутери и еден сервер за кабинетот по информатика во новото Модуларно училиште во Илинден.

Оваа донација од најмодерна технолошка опрема, вредна повеќе од 10.000 евра, ќе им овозможи на децата кои ќе учат во училиштето значително подобри наставни услови.

Почнувајќи од оваа учебна година, децата од Илинден ќе имаат можност средното образование да го изучуваат во својата општина. Новото училиште, кое работи во две смени има капацитет за едукација на вкупно 720 ученици, од основно и средно образование.

“ОКТА верува дека образованието е пресуден период во животот на децата, па затоа уште еднаш ја покажува грижата кон нив преку донирање на најсовремена компјутерска опрема во новото училиште во Илинден. Компанијата се реши за оваа донација бидејќи ја препознава важноста и влијанието на модерната технологија во образовниот процес. Ова е наш придонес во напорите на училиштето да создаде млади талентирани луѓе и да ги подготви за предизвиците кои ги носи животот ˮ изјави Виктор Папаконстантиноу, главен извршен директор на ОКТА.

Како една од најголемите компании во Југоисточна Европа, ОКТА и понатаму продолжува да ја докажува својата општествена одговорност. Покрај денешната донација, компанијата веќе донираше училишна опрема и мебел за новото училиште во Илинден. Компанијата ќе остане посветена на поддршката кон заедницата, со посебен акцент на прашањата од образованието, здравјето и животната средина, се вели во соопштението за медиумите.