Донација од Жито Лукс за Детскиот оддел во Клиничката болница во Тетово

68

918999d4-00b0-4601-adb6-d4bcfb4bc4ea

Жито Лукс ја реализираше и втората донацијата во Детскиот оддел во Клиничката болница во Тетово. ЕКГ апарат, душеци, постелнина и перници се само дел од производите што компанијата ги набави и со тоа овозможи подобри услови во Детскиот оддел.

Хуманитарната акција беше дел од кампањата преку која компанијата издвојуваше дел од средствата и истите ги вложи во доопремување на овој оддел.

„Изминативе три месеци, во Тетово имплементиравме хуманитарна акција чија цел е подобрување на  условите на детското одделение во Клиничката болница во овој град. Првиот дел од донацијата го реализиравме пред два месеца, а денес ја комплетиравме донацијата. Голема благодарност упатуваме до граѓаните на Тетово кои се вклучија и ја поддржаа нашата акција. Се надеваме дека им овозможивме на најмладите пациенти да се чувствуваат што е можно попријатно. Нашата компаниска заложба за помагање онаму каде што е неопходно се одвива во континуитет и ќе продолжи и понатаму со следење на состојбите и таргетирање на различни здравствени и социјални центри, каде би ја дале нашата помош“, изјави Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на Жито Лукс.

Опремувањето на детското одделение покрај од Жито Лукс, беше помогнато и од фудбалерот Артим Шаќири како најголем поддржувач на кампањата заедно со граѓаните на Тетово, а за вработените во Тетовската клиника значи и олеснување на нивната работа.

„Оваа вредна донација на Жито Лукс, за нас е од големо значење. Истата ги надмина нашите очекувања и придонесе за создавање услови за подобро функционирање на нашиот персонал, но најважно од сè, ќе им овозможи на пациентите подобра медицинска грижа и нега“, изјавија од Детското одделение при Клиничкиот Центар во Тетово.