Доналд Трамп: Човекот кој ја врати супериорноста на американската економија

126

Претседателот на САД, Доналд Трамп никогаш не бил посериозен во врска со зајакнување на американската економија. Трамп откако реши да ги зголеми царините од одбрани држави, ја започна трговската меѓународна војна, на која дел од државите се одзваа и го возвратија ударот.

Прва од државите се јави Кина, која најави преземање на дополнителни мерки, а кинеските аналитичари потврдија дека ќе има сериозен удар. Потоа, неколку високи функционери од Кина изјавија дека моментално анализираат некои ситуации, односно прават анализи поврзани со јуанот и доларот. Поточно, дали со намалување на јуанот во однос на доларот би имало покачување на цените. Тоа би резултирало по новите воведени царини на кинеските производи. Но што, значи тоа? Тоа значи дека освен трговската војна, на глобалната економија ѝ престои и валутна војна. Прв, на самиот почеток реагираше Forex, кој по објавување на информацијата веднаш реагираше. Односот долар/јуан по објавување на веста одма порасна, а некои валути забележаа разлика како што е несвојствено за тој тип на валута.

Трамп: Иницијатор на сите нови решенија во борбата за силна американска економија

На шести јули, САД го започнаа она што цело време го најавуваше Претседателот Доналд Трамп. Тие го стартуваа воведувањето 25 % царина за кинескиот увоз од 34 милијарди долари. Трамп потврди дека ништо нема да го спречи тоа што наумил да го направи, а тоа е да ја направи САД повторно супериорна. Воедно, Трамп без размислување го прекрши трговските правила на Светска трговска организација – СТО и ја почнаа најголемата трговска војна во економската историја. Новите давачки од 25% од администрацијата на Трамп се однесуваат на 818 кинески увозни производи во вредност од 34 милијарди долари. Тие се првата фаза од давачките со кои се закануваат САД за кинески стоки вредни вкупно 450 милијарди долари.

Но, Трамп направи паметен потег, оценуваат аналитичарите. Тој со потегот успеа да наметне еден вид валутна војна. Со тоа, финансискиот пазар претрпе големи осцилации во вредностите на валутите, цената на акциите, нафтата и благородните метали (златото). Кога се во прашање валутите, на почетокот прва на удар е таа валута којашто доаѓа од земјата што прва се одлучила за таквата мерка, но во подоцнежната фаза, кога ќе се приклучат повеќе земји, ситуацијата е обратна.

Валутна војна? Турција ја “искуси” врз својот грб

Тоа е кога државите намерно ќе ја намалат вредноста на валутата во однос на земјата во која што сакаат да се пробијат на пазарот. На пример: доколку германскиот автомобил вреди 100.000 евра, а односот на евро/долар е 1:3, вредноста на автомобилот во САД ќе биде 130.000 долари. Доколку европските политичари или централната банка намерно го спушти односот евро/долар на 1:1, истиот автомобил во Америка би чинел 110:000 долари, со тоа што поголема е веројатноста да се продаваат повеќе автомобили во Америка.

Тоа би допринело за поголем извоз на автомобили од Европа во Америка и повеќе отворени места во Европа, што во исто време негативно влијае на производството на автомобили во Америка, како и на целата економија. За да се поттикне сопствениот извоз, многу држави се одлучија директно или индиректно да ги ослабат своите валути, а некои намерно го задржаа односот евро/долар на 1:2, што со години го одржуваше шведската централна банка за да не дојде до слабеењето на доларот од како Трамп стана претседател.

Но, Трамп не застана тука. Тој ги дуплираше и царините за Турција. Алуминиумот доби 20% царина, додека челикот доби 50% царина. Овој потег се случи токму во време кога турската лира искусува драматичен пад во однос на доларот. Рекордниот пад доаѓа како резултат на тензиите во односите меѓу Анкара и Вашингтон, но и поради обидите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да воспостави контрола врз монетарната политика на земјата. Од самиот старт на годината, турската лира загуби дури 35% од својата вредност.

Тоа придонесе за сериозна криза во банкарскиот сектор во Турција. Целата ситуација се должи на тоа што една третина од нивните кредити се во странска валута. Но, турскиот претседател Ердоган е искусен играч и знае како треба да одигра. Тој знае како да излезе од домашните и надворешните кризи. Овој пат ги закрепна односите со САД, благодарение на ослободување на американскиот свештеник Ендрју Бренсон, каде Ердоган го пофали турското независно судство. Со тој потег успеа да ги стабилизира односите со САД и да ја врати во стабилна фаза турската лира.