Донатори ветија 8,8 милијарди долари за програмите за вакцинирање

56

Лидерите на најразвиените земји и светски познатите донатори како Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, ветија дека ќе обезбедат 8,8 милијарди долари за програмите за вакцинација во најсиромашните земји во светот.

Посочените 8,8 милијарди американски долари беа ветени на виртуелниот самит на Вакцина Алијанса (Vaccine Alliance), на која присуствуваа повеќе од 50 земји, претставени со повеќе од 35 шефови на држави и влади, и сумата е далеку над очекуваните 7,4 милијарди американски долари што треба да се обезбедат во следните пет години.

Средствата ќе бидат искористени за продолжување на меѓународната кампања за вакцинирање против сипаници, детска парализа и тифусна треска, што сега е сериозно нарушена од епидемијата на Ковид- 19.

Фото: Pixabay