Собранието на Република Македонија со 65 гласа “за” и четири “против”, попладнево го донесе Буџетот за 2013 година, вреден 2,7 милијарди евра.
“Со буџетот се предвидува зголемување на пензиите и социјалните издатоци за 5%, како и субвенциите за земјоделците кои наредната година ќе изнесуваат 135 милиони евра”, рече министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Се очекува буџетскиот дефицит да изнесува 3,5%.