Донесувајте одлуки како шеф

155

Животот на претприемачите е полн со донесување на одлуки. Убаво е кога луѓето имаат опции, но ако изборот е преголем, тогаш се појавува сомнеж кај претприемачите дали ја донеле вистинската одлука.

Пред да донесете голема одлука, поставете си ги овие прашања:

Што ќе направев ако не се плашев?

Голем дел од изборот што го прават луѓето во животот е од страв или од самонаметнати ултиматуми. Усшешните претприемачи си го признаваат стравот и се одлучни да ги разгледаат факторите на ризик. Тогаш тие донесуваат одлука што е најдобра за нивната компанија без да ја загрозат нивната личност и професионални вредности.

Направете листа на стравови и сомнежи, потоа разгледајте ја со некоја личност што може да остане објективна. Најчесто најдобрите опции се оние што генерираат најмногу страв.

Што ќе направев ако парите не беа проблем?

Многу често големи идеи не се реализираат поради недостаток на финансиски средства. Но, ако ја ставите идејата на ригорозна евалуација и на крајот излезете како победник, тогаш не треба да дозволите парите да ве запрат. Ако барате голема сума на пари, можете да разговарате со пријателите и фамилијата, разгледајте ја можноста за crowdfunding и ставете им до знаење на луѓето дека барате инвеститор.

Што е најлошото и најдоброто нешто што може да се случи?

Направете мапирање на мозокот. Напишете листа на добри и лоши работи што можат да се случат, за да ги евалуирате последиците од вашата одлука на долг рок. Детерминирајте ги можностите за успех со истражување на историјата на успех и неуспех во слични ситуации. Ако развиете план за акција каде што проблемите што би се појавиле можете да ги решите, тогаш големи се шансите за успех.

Што научив од претходните искуства?

Добрите и лошите искуства не учат на животни лекции. Треба да знаете дека единствениот неуспех се настаните во животот од коишто не сме научиле ништо. Погледнете на минатите загуби и добивки и извлечете заклучок од тие искуства. Запрашајте се како тие лекции можат да се применат во дадената ситуација.

Како се вклопува оваа одлука во мојата визија?

Повеќето бизнис модели имаат смисла и не одат во спротивен правец. За да постигнете најдобри резултати треба да останете фокусираи на вашата визија и да се држите настрана од работите што можат да ве одведат во друг правец.

Што ми кажуваат срцето и телото?

Најголемата грешка што луѓето ја прават е што не си ги следат сопствените инстинкти. Размислете за последната лоша одлука што сте ја донеле. Зарем не чувствувавте дека донесувате погрешна одлука?

Ако вашето тело е напнато и ако глас во задниот дел на вашиот ум испраќа предупредувачки сигнали, не го игнорирајте. Можете свесно да ги туркате мислите што не се согласуваат со тоа што сакате да го направите, но вашата потсвест не може да дозволи тоа да го направите. Обрнете големо внимание на овие сигнали. Запамтете дека нема сите одговори да се поклопат со тоа што сакате да го направите во сегашноста, но најважно е како тие ќе тие влијаат на вас во иднина.

Ќе можам ли утре да се погледнам во огледало?

Живот и бизнис воден од вредности е одлика на успешните претприемачи. Пред да донесете важна одлука запрашајте се дали е во согласност со највисоките нивоа на интегритет, со животната средина, забавата, искреноста или со сето што ви е најважно во животот? Какво чувство предизвикува оваа одлука? Дали предизвикува срам или каење, среќа или задоволство? Секогаш ќе донесувате сигурни одлуки ако слушате што ви кажува срцето, што ги поддржуваат вашите вредности и тоа што вистински сте.

Фото: Pixabay