Фото: Kickstarter
Doppio е иновативен нож со двојно сечило, што на корисникот ќе му ја олесни работата во кујната.
За дијзанот на овој нож, изработен од јапонски челик, е истоимениот американски старт – ап.
Од едната страна на ножот е обичното сечило, а на другата е поставено повеќенаменско сечило. Со тоа, со само еден нож корисникот може полесно да лупи, сече или дроби намирници со различна текстура и цврстина.
Проектот е претставен на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter. На 24 дена пред крајот на кампањата, овој проект собра над 32.125 долари, иако првично побара поддршка од 6.500 долари.