Извршниот директор на Twitter, Џек Дорси донираше милион долари на непрофитниот тинк-танк центар за криптовалути, Coin Center.
Донацијата има за цел да зголеми истражувачките и лобистички напори на Coin Center во Вашингтон.
“Coin Center прими неверојатен подарок од еден милион долари од Џек, ние сме без зборови“, напиша Џери Брито, извршен директор на Coin Center.
Седиштето на непрофитната организација е во Вашингтон, а има за цел да ги насочува јавните политики поврзани со криптовалутите.
Дорси и претходно отворено давал поддршка на криптовалутите, верувајќи дека ќе биткоинот ќе прерасне во “единствена валута“ на интернет. Финтек компанијата на Дорси, Square, минатата година инвестираше 50 милиони долари во биткоин. Апликацијата на Square им овозможува на корисниците да купуваат и продаваат биткоини.
Фото: Facebook